НЕ ТРЧАМ ПО СРЕЌАТА, САМА ЌЕ СИ ДОЈДЕ !

Девојката, на која музиката и е професија, задоволство и егзистенција, го поседува еден од најмоќните гласови на естрадата. Со музика се занимава многу одамна, со години прави одлични клупски свирки и е дел од македонската естрада. Во блиска иднина го најавува нејзиниот прв албум. Твојата кариера ја почна на многу рана возраст, токму во твојот роден град Тетово…
-Тоа беше период во кој се барав себеси, што ќе правам – ќе пеам, зашто тоа најдобро знам да го правам.
. Како знаеше дека ткму тоа умееш најдобро да го правиш?
-Одев во музичко, свирев на виолина, а напоредно со тоа пеев во хорот „Менада“ и многу често, можеби 90 проценти од партитурите во кои имаше некаква соло-делница ми ги даваа мене да ги пеам. Така осознав дека можам да се најдам себеси во пеењето. Потоа почнав да пеам по клупчиња, по локали, па дојдов тука да учам средно училиште и напоредно продолжив со пеењето.Продолжи токму со тие клупски свирки.
Долго време ти требаше да се појавиш на естрадата. Зошто? Обично оние што се занимаваат со пеење сакаат да се познати, славни…
-Моите побуди не беа такви. Јас навистина сакав да пеам.
За да бидеш добар на естрадата, мора да имаш некаков минат труд, барем така ми изгледа од оваа гледна точка, а тогаш, едноставно сама себеси си се докажував. Имав и примања кои за тоа време беа одлични и кои беа поголеми од платата на моите родители. Така сите компоненти беа подмирени и не патев од тоа да ме има на телевизија. Примарно ми беше да пеам. Појавувањето на естрадата беше спонтано, пеев на обновениот Скопски фестивал во 1994 година и бев воодушевена затоа што пеев пред голем аудиториум и добив навистина голем аплауз. Потоа добив понуди и за други фестивали, следната година настапив на „Интерфест“ во Битола, па сфатив дека не сакам повеќе да ме има на фестивали и решив прво да го завршам образованието, па потоа посериозно да се занимавам со естрадата.

http://makemigration.com/iselenistvo/print.asp?doprint=true&mainmenu=4&submenu=13&page=%D0%92%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%86%D0%B0%20%D0%9F%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0&type=dynamic&args=&subsubmenu=62&submenu2=-2

2015. VERICA PANDILOVSKA © All rights reserved.