Вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи новото издание на Скопски фестивал

Вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи новото издание на Скопски фестивал, каде во живо ќе бидат изведени дваесет композиции. Освен искусни пејачки имиња, на сцената ќе се најдат и млади пејачи придружувани од Ревискиот оркестар на МРТ, составен од 54 врвни музичари.

Еве ги настапувачите: Верица Пандиловска, Јана Бурческа и Мики Секуловски, Ристо Самарџиев, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан Чепишевски, Емил Арсов, Александра Јанева, Наталија Данаилова, Нина Јанева, Мики Јовановски-Џафер, Ѓоко Танески, Андријана Јаневска, Елена Ристевска, Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Сара Мејс, Горан Kаран, Игор Цукров и Kристина Арнаудова.

Предизвикот и годинава да се биде дел од најпрестижната музичка манифестација во земјава го прифатија најелитните авторски и интерпретаторски имиња од земјава, но и пошироко, така што освен домашните музички ѕвезди, на сцената ќе блеснат и тие од соседството. Сите музички нумери, селектирани од меѓународниот музички конкурс ќе бидат отпеани во живо, на македонски јазик, што всушност е еден од принципите во традицијата на одржување на Скопскиот фестивал – изјави Мери Попова, одговорна на проектот Скопски фестивал, и дополни: Наградата за животно дело и за особен придонес кон вредностите на Скопскиот фестивал и македонската музика, ја добива Љубомир Бранѓолица, македонскиот композитор на забавна, оркестарска и балетска музика.

Скопски фестивал 2013 ќе го води актерот Васил Зафирчев. Важно!!! Организаторот обезбеди големи награди за најдобрите! Првопласираната песна ќе освои 20.000 евра, втората 10.000 евра, а третата – 5.000 евра.

Директниот ТВ пренос е на првиот програмски сервис и на сателитскиот канал на МРТ. Стартот на програмата е во 20.30 часот, иако преносот ќе ќе почне и малку порано, во 20.10 часот со вклучување во фоајето на МОБ и случувањата на црвениот килим… Влезните билети за овој важен настан се продаваат по цена од 400 денари.

 

Сценско уживање и 20 одлични песни не очекуваат на Скопски фестивал 2013

Одбројувањето до почетокот на Скопски фестивал 2013 започна, а полека се откриваат и детали за најмузичката вечер во Скопје. Црвен тепих, гламур и сценски спектакл нè очекува на годинешното издание. На генералната проба беа откриени дел од деталите кои ова издание ќе го направат најдобро до сега. Организатор на фестивалот, Македонската радио-телевизија ветуваат дека вечерта на 12 ноември ќе биде незаборавна, а сите 20 композиции ќе бидат новите македонски хитови за следната година.

Сцената на Македонската опера и балет е целосно изменета и прилагодена на претстојното мултимедијално шоу. Изведбата во живо на секоја од песните, од страна на оркестар составен од 54 академски музичари под диригентската палка на Љупчо Мирковски, ќе направат овој фестивал да биде израмнет со најпознатите европски музички фестивали.
Специјално сценско осветлување и лед дисплеи ќе ја украсуваат сцена, а дополнителни режисерски елементи и уште неколку тајни ќе придонесат за импресивно фестивалско издание. Сите изведувачи и авторите на песните фестивалот ќе го следат од зелената соба од каде ќе има и вклучувања во живо, разговори со изведувачите и коментари за песните и изведбите.

23 музичари ќе изведат 20 композиции од врвни авторски имиња. На импозантната сцена ќе се докажуваат македонските млади но и веќе потврдени музички имиња. Сите ќе се натпреваруваат за признание од публиката но исто така за и некоја од трите вредни награди што оваа година ги доделува Скопски фестивал 2013.

 

http://vistina.mk/2013/11/12/skopski-festival-2013-20-pesni-vo-trka-za-20-000-evra/

2015. VERICA PANDILOVSKA © All rights reserved.