Од Киргистан се врати со награда, а спрема и албум

Дека Верица Пандиловска активно работи на својата музичка кариера кажува и фактот што наскоро, после подолга пауза ќе издаде албум насловен “Само за тебе”. За разбранувањата во кариерата, која изминатиов период и беше во мирување, зборува и наградата со која неодамна се врати од интернационалниот музички фестивал “Меикин Азиа” во Киргистан.

Дека Верица Пандиловска активно работи на својата музичка кариера кажува и фактот што наскоро, после подолга пауза ќе издаде албум насловен “Само за тебе”. За разбранувањата во кариерата, која изминатиов период и беше во мирување, зборува и наградата со која неодамна се врати од интернационалниот музички фестивал “Меикин Азиа” во Киргистан.

После активностите со Макфест 2015 го издадов и мојот сингл-диск со песната „Кога љубовта не е доволна”. Потоа следуваа подготовките за интернационалниот фестивал „Меикин Азиа”. Имено, на покана од Министерството за култура од Република Киргистан решив да присуствувам на интернационалниот музички фестивал кој се одржува во оваа земја. Ова беше огромен предизвик за мене, поради фактот дека се работи за светски фестивал на којшто присуствуваат интерпретатори од целиот свет и за прв пат бев поканета да ја претставувам нашата држава Македонија. Можам слободно да кажам дека беше извонредно искуство за мене, особено од музички аспект, бидејќи за прв пат во мојот живот имав можност да ја посетам оваа земја и, секако, да се најдам рамо до рамо со изведувачи од околу 20 земји ширум светот. Фестивалот помина максимално професионално и, секако, можам да се пофалам дека добив специјална награда за посебен придонес на фестивалот лично од претседателот на Република Киргистан”, вели Верче, која во моментов работи на новиот материјал.

Таа периодов, како што открива, максимално е посветена на финалните подготовки за новиот албум, кој прво ќе биде издаден во дигитална форма.

Материјалот прво ќе излезе во дигитална форма, а потоа во периодот есен/зима 2015 ќе излезе и печатено издание во ексклузивно дигипак пакување. Со огромно задоволство го очекувам издавањето затоа што со “Само за тебе” ќе го резимирам и заклучам изминатиот период по издавањето на моето првенче „Бело знаме”, додаде Верче.

http://vecer.mk/zabavna/od-kirgistan-se-vrati-so-nagrada-a-sprema-i-album

2015. VERICA PANDILOVSKA © All rights reserved.