Верица Пандиловска: Поинаква сум од другите!

Секогаш во песните се трудам да бидам поинаква од она што сум го сработела претходно. Никогаш не се повторувам, во секоја следна песна се трудам да дадам сè поголем максимум, звучно и визуелно, ни рече Верче Пандиловска, која го претстави новиот видеоспот за песната Кактус.


За Верче квалитетот на една песна е најважен, а водечка сила ѝ е желбата за што подобра музичка нумера и квалитетен концепт во кој со нејзината интерпретација, сензибилитет и боја на глас ќе се најде на вистинското место.

„Авторските песни ги избирам по своја сопствена интуиција и вкус. Тоа некогаш трае подолго, некогаш не, но важен ми е финалниот производ, бидејќи на крајот публиката го гледа само финалниот производ. Многу сум самокритична и понекогаш себеси си задавам невозможни мисии, барајќи нови песни. Но секогаш тоа што ме води е мојата интуиција.“

Секоја песна што одлучува да ја пее, Верче прво ја размислува. Сериозно ја слуша, размислувајќи кој дел и како ќе го испее, некаде каква страст и експресија во вокалот треба да вметне.

„Едноставно прво ја слушам музиката и секако уживам во текстот. Нормално, ми треба време за да ми легне аранжманот и јас како таква да се замислам себеси во песната“, вели Верица.

Новата песна „Кактус“ ќе ја гледаме на телевизиските екрани, но таа ќе биде и најава за новиот сингл „Ѕвезден пат“, кој најбрзо ќе биде промовиран во радискиот етер. Музиката и аранжманот се на Светослав Лобошки, текстот на Огнен Неделковски, студио и продукција на Дарко Димитров

http://www.mkd.mk/32135/zabava/verica-pandilovska-poinakva-sum-od-drugite

За Верче квалитетот на една песна е најважен, а водечка сила ѝ е желбата за што подобра музичка нумера и квалитетен концепт во кој со нејзината интерпретација, сензибилитет и боја на глас ќе се најде на вистинското место.

„Авторските песни ги избирам по своја сопствена интуиција и вкус. Тоа некогаш трае подолго, некогаш не, но важен ми е финалниот производ, бидејќи на крајот публиката го гледа само финалниот производ. Многу сум самокритична и понекогаш себеси си задавам невозможни мисии, барајќи нови песни. Но секогаш тоа што ме води е мојата интуиција.“

Секоја песна што одлучува да ја пее, Верче прво ја размислува. Сериозно ја слуша, размислувајќи кој дел и како ќе го испее, некаде каква страст и експресија во вокалот треба да вметне.

„Едноставно прво ја слушам музиката и секако уживам во текстот. Нормално, ми треба време за да ми легне аранжманот и јас како таква да се замислам себеси во песната“, вели Верица.

Новата песна „Кактус“ ќе ја гледаме на телевизиските екрани, но таа ќе биде и најава за новиот сингл „Ѕвезден пат“, кој најбрзо ќе биде промовиран во радискиот етер. Музиката и аранжманот се на Светослав Лобошки, текстот на Огнен Неделковски, студио и продукција на Дарко Димитров.

 

 

2015. VERICA PANDILOVSKA © All rights reserved.